Новиот Galaxy часовник пристигнува со дизајн кој одговара на вашиот животен стил и овозможува поврзување на LTE мрежа и опции за следење на животните навики
Samsung денеска го претстави паметниот часовник Galaxy Watch. Галакси рачниот часовник го извлекува најдоброто од Galaxy екосистемот со долготрајната батерија, “LTE” поврзување, следење на секојдневните животни навики и безвременски и персонализиран дизајн. Galaxy часовникот им помага на корисниците да постигнат повеќе со новите можности, како следење на стрес и и времето на спиење. Покрај тоа што нудат по робусна линија во однос на стилските можности, вклучуваат и три нови дизајни и тоа во Сребрена, Полноќна Црна и Розево Златна боја, како и нови бои на ремени за часовникот.
“Во Samsung, имаме долга историја на обезбедување на избор за потрошувачите, воедно одржувајќи ги иновациите во рамки на нашите производи. Возбудени сме што го продолжуваме со гордост наследство на нашата Галакси линија со производите за носење. Новиот часовник Galaxy е дизајниран за сечиј животен стил со цел да помогне кон задоволувањето на потребите на потрошувачите, како поефикасно одржување на батеријата за да останат поврзани подолго, и подобро следење на добросостојбата за да им помогне на корисниците да ги задржат своите цели – ги испорачуваме со поврзани искуства, сите со допир на рачниот зглоб.” – изјави ДЏ Кох, Претседател и Извршен директор на ИТ и Одделот за Мобилни Комуникации на Samsung.
Останете поврзани – Без оглед каде ве носи денот
Подобрениот век на батеријата на Galaxy часовникот до 80+ часа ја елиминира потребата од дневно полнење и им помага на потрошувачите да продолжат со нивната динамична недела. Со подолгиот век на траење на батеријата, оддалечувањето од својот смартфон никогаш не било полесно со “LTE“ поврзаноста на Галакси часовникот – низ повеќе од 30 провајдери и повеќе од 15 земји – за вистинско самостојно искуство низ уредите преку пораки, повици, мапи и музика. Корисниците исто така може да го започнат и завршат денот со утрински и вечерни брифинзи кои ќе им помогнат да останат во тек со потсетниците, времето и нивниот последен распоред.
Живејте балансиран живот
Галакси часовникот е дизајниран имајќи го на ум здравиот начин на живот. Тој нуди вистинско холистичко искуство со својот нов тракер за управување со стресот, кој автоматски ги детектира високите нивоа на стрес и нуди вежби за дишење за да им помогне на корисниците да се насочат и фокусираат. Покрај тоа, новиот напреден тракер за следење ги надгледува сите нивоа на спиење, вклучувајќи ги и РЕМ циклусите, за да им помогне на корисниците да ги прилагодат навиките за спиење и одмор за да можат репродуктивно да го поминат својот ден.
Покрај контролирањето на спиењето и стресот, Galaxy часовникот им помага на корисниците да постигнат и други цели насочени кон нивното здравје и добросостојба, вклучувајќи и фитнес активности. Во рамки на Галакси часовникот се вметнати 21 нова вежба за надворешни услови, а исто така може да се следат вкупно 39 вежби кои им овозможуваат на потрошувачите да ги прилагодат и променат нивните рутини. Бидејќи балансираната исхрана е исто важна како и вежбањето, Галакси часовникот ја олеснува ова рутина повеќе од кога и да било, со интуитивно следење калории и персонализирани предупредувања. Покрај тоа, корисниците можат да останат на вистинскиот пат со своите оброци користејќи Биксби Визија (Bixby Vision) на нивниот Galaxy уред. За подобро управување со калориите, корисниците може да го фотографираат секој оброк и веднаш да ги напишат информациите за исхрана во апликацијата Самсунг Здравје (Samsung Health) и на Galaxy часовникот.
Стилски и безвременски дизајн
Галакси часовникот пристигнува во повеќе димензии и стилови – 46 милиметарска и 42 милиметарска верзија во сребрена, полноќно црна или во нијанса на розево злато. Корисниците можат уште повеќе да го прилагодат Галакси часовникот со големиот избор на циферблејт и ремени, вклучувајќи опции од Бралоба (Braloba), производител на високо квалитетни ремени за часовници. Часовникот Галакси го пренесува наследството на паметните телефони на Самсунг со својот кружен, ротирачки циферблејт како заштитен знак, притоа прифаќајќи го дигиталниот изглед со “Секогаш на дофат“ (Always On Display) функцијата, покрај подобрената употребливост. За прв пат, Галакси часовникот располага со звук на отчукување како на аналогните часовници и ѕвонење на секој час, како и ефект на длабочина која фрла сенка при дефинирањето на сите детали од циферблејтот на часовникот за традиционален изглед и чувство. Дополнително, сертифицираната издржливост на Галакси часовникот која одговара на воени стандарди, со Corning® Gorilla® Glass DX+ и најдобрата водечка отпорност на вода со сертификат на 5 ATM овозможува долготрајна употреба на уредот, без оглед на опкружувањето.