Razer Phone продолжува да е еден од најдобрите смартфони за игри, кои можете да го најдете на пазарот. Уредот нуди импресивен хардвер и е првиот модел во индустријата со 120Hz дисплеј кој е погоден за игри. Компанијата е добро познато име меѓу љубителите на игрите и се потпира сериозно на таа репутација да го претвори Razer Phone во хит на пазарот. Ова е сегмент кој допрва ќе привлекува внимание кај другите водечки производители на смартфони со Android.
Oт Razer сакаат да станат долгорочно лидер во овој сегмент и веќе работат над нова верзија на Razer Phone, пријави MyDrivers. Информацијата беше потврдена од страна на компанијата за време на гејмерскиот саем ChinaJoy 2018. Лично потпретседателот на Razer Global дивизијата, Чен Ксиаопинг потврди дека ако сѐ оди според планот, Razer Phone 2 ќе биде достапен уште до крајот на годината. Тоа значи дека смартфонот ќе се продава навреме за празничната сезона во декември.
Првично, Razer Phone 2 ќе биде достапен во Кина, а потоа и на други клучни пазари, вклучувајќи ги и европските земји. Во моментов нема информации за специфични технички спецификации. Уредот сигурно ќе понуди посилен процесор и новиот Qualcomm Snapdragon 855 изгледа како вистинско решение. Вклучувањето на повеќе RAM меморија и дисплеј со висока резолуција изгледаат како други можни подобрувања во Razer Phone 2.