Google официјално ја објави својата следна верзија на мобилниот оперативен систем. Под името Android 9 Pie, ажурирањето е подготвена на поддржаните уреди да пристигне во стабилна форма и најпрво ќе дојде на Pixel телефоните. Уредите на производителот, кои беа дел од бета програмата, својата надградба ќе ја добијат пред крајот на есента оваа година.
Android Pie е деветта по ред голема објава во Android екосистемот, а наследник на Android Oreo верзијата. Ажурирањето донесува неколку нови функции, примарно фокусирани на машинско учење, за телефонот да биде уште попаметен.
Една од овие функции е Adaptive Battery, која може да одреди која апликација помалку ја употребува корисникот, да ги намали ресурсите кои одат кон таа апликација и да овозможи подолго траење на батеријата. Слично на ова, Adaptive Brightness автоматски ќе го подесува осветлувањето на дисплејот во однос на актуелната локација на корисникот и базирано на она што се прави на уредот.
Останатата употреба на machine learning функцијата се однесува на побрзо извршување на често стартуваните задачи. Slices е нова функција, која на апликациите им овозможува да се уфрлат во пребарувањето на корисниците со цел задачите да се извршуваат побрзо. Тука е и App Actions, кој уфрла брзи акции во app launcher во текот на одредените периоди во денот, базирано на активностите на корисникот.
Android Pie донесува и нова системска навигација. Трите копчиња на дното сега се заменети со две, додека Overview режимот се повикува со едноставно повлекување нагоре од дното на било која апликација. Со содржината Overview на прозорецот е можно да се ракува без префрлање на истата, а ова вклучува и copy-paste на текстот со Smart Text Selection функцијата.
Известувањата исто така се ажурирани, со нови кружни икони и проширен преглед за пораки и smart reply опции.
Поврзани артикли