Уште еден стартап од Силициумската долина се појавува со необичен производ. Naked Labs направиле големо паметно огледало што скенира во 3Д. Во сетот се вклучени подлога која се ротира и апликација за мобилен телефон, а со сето тоа корисникот може да ги следи промените на своето тело. Стартапот смета дека овој уред може да помогне на спортистите, фановите на фитнес вежбањето, но и на оние кои сакаат да ослабат. Според креаторите, корисниците ќе можат да прават голи селфи фотографии, секако дека само за сопствените потреби.
Основата на технологијата која се користи се состои од огледало кое користи три “RealSense” сензори од Intel а податоците ги испраќа преку Wi-Fi или преку Bluetooth. После скенирањето корисникот ќе добие нови податоци кои ќе може да ги спореди со податоци од претходно скенирање.
Уредот ќе се продава по цена од 1395 долари а се очекува во текот на овој месец првите нарачатели да ги добијат своите уреди.
Поврзани артикли