Целиот издувен систем на вашиот автомобил е под константно високи температури и поради тоа нормално е по неколку години да пропаднат металните делови на ауспухот и да почнат да пропуштаат издувни гасови.
Ова може да биде лошо од неколку причини. Прво, кога ауспухот е дупнат, вревата која се создава може да биде неподнослива. Второ, издувните гасови кои излегуваат не се доволно прочистени, што значи дека ја загадувате околината. Трето, издувните гасови од ауспухот може да влезат во внатрешниот дел на кабината на автомобилот што може да биде и смртоносно.
Затоа е многу важно да го лоцирате пробушениот ауспух и да го поправите. Иако многумина мислат дека тоа може да се поправи само со заварување или мајсторски занает, не мора да е секогаш така. Ако цевката не е целосно одвоена, тогаш ауспухот можете да го поправите сами.
Прво што треба да направите е да поставите вшмукувач на цевката од ауспухот и да вклучите дување, а не усисување. Така ќе создадете контра-притисок кој ќе ви покаже каде се дупчињата на вашиот ауспух. Потоа, земете вода со сапуница и испрскајте ја во издувниот систем. Кадешто ќе се појават меурчиња, таму се и дупчињата и оттука излегуваат издувните гасови.
Откако ќе го направите тоа, треба да ги затворите дупчињата. За ситни и мали дупчиња може да користите разни смеси од течен метал кои се стврднуваат и кои потоа можат да ги поднесат високите температури, влага и сл. Ако има поголема дупка на издувната цевка под автомобилот, тогаш може да користите трака за изолација на ауспух или посебни метални шарки со кои ќе ја покриете дупката.
Јутјуберот ChrisFix во своето видео го објаснува целиот процес. Погледнете како со леснотија може да го поправите ваквиот проблем доколку ви се случи.
Извор: Muskimagazin.rs