Британската управа за стандарди на огласување ја забрани рекламата за новиот Фолксваген Поло во која што е ставен акцент на безбедносните системи на автомобилот.
Рекламата е забранета на Островот затоа што споменатата управа проценила дека е „претерана“ и дека промовира премногу потпирање на возачот на технологијата.
Во споменатата реклама, во главна улога е таткото кој што е загрижен поради својот син кој што обожува екстремни спортови па често му се случуваат несреќи. Таткото изгледа преплашено затоа што неговиот син треба да вози, а за време на возењето технологијата спречува неколку судири, вклучувајќи и прегазување на пешак.
Од Управата за стандарди на огласување на Велика Британија се жалеле дека рекламата охрабрува опасно возење, претерано укажувајќи на предностите на безбедносните системи во автомобилот, по што истата била забранета за емитување.
Од германски Фолксваген од друга страна пак тврдат дека би било невозможно да се рекламираат безбедносните технологии кои што ги има во рекламата, без да бидат прикажани потенцијално опасните ситуации. Од компанијата нагласија дека соработувале со регулатори тела за да се обезбеди нивните безбедносни технологии да бидат прикажани на „точен и одговорен начин“.
https://youtu.be/PMRnVqQVDwo
Извор: B92.net
Поврзани артикли