Мумифицираниот костур откриен во пустина во Чиле пред 15 години е нешто што досега човекот го нема забележано во својата историја. Висината на скелетот е само 15 сантиметри, но според проценките, станува збор за дете на возраст од 6 до 8 години.
Потоа, заоблениот череп, косите очи, помалиот број ребра, сè на сè 10 пара, а не 12 колку што има човекот, ги разбудија сомневањата кај научниците. Прашањата околу суштеството довеле до шпекулации дека станува збор за претходно неидентификуван примат или дури вонземски облик на живот.
Скелетот наречен Ата бил прикажан во ТВ-емисиите и документарецот „Сириус“, во кој истражувачот на НЛО се обидувал да го открие неговото потекло. Сега авторите на студијата заснована на пет години анализа тврдат: „Ата е човек, но со повеќе мутации поврзани со болести на коските“.
Всушност, истражувачите веруваат дека нивното откритие би можело да помогне во дијагнозата на случаи засновани на генетски мутации кај живите пациенти.
Поврзани артикли