Конкуренција на пазарот за електрични возила се зголемува, a Volvo и Polestar подготвуваат автомобил кој ќе му конкурира на Tesla Model 3

Како се повеќе и повеќе автомобилски компании го насочуваат фокусот кон електричните автомобили, а следните години може да се очекуваат се повеќе и повеќе возила на електрична енергија со кои постепено ќе ги замениме бензинците и дизел моделите, така и конкуренцијата на сега водечка компанија во овој сегмент, Tesla, се повеќе ќе се зголемува. Зад компанијата на Илон Муск е период со сериозни проблеми со производството на Model 3, но во последно време Tesla конечно го зголеми производството, па десетици илјади луѓе, кои минатата година го резервирале својот автомобил конечно ќе го добијат.

Една од компаниите која развива свој електричен автомобил кој ќе биде директен конкурент на Model 3 е Volvo, односно нивниот подбренд Polestar. Нивниот прв хибриден Model Polestar 1 со моќен мотор и висока продажна цена, во Велика Британија ќе се појави на почетокот на следната година, а потоа може да се очекува, за повеќето потенцијални клиенти на е-возила, многу поинтересен модел – Polestar 2.

Со цена помеѓу 40 и 65 илјади долари, како и перформанси (ќе има мотор со моќност до 400 КС, а автономија од 560 км или повеќе, во зависност од верзијата) Polestar 2 би можел да привлече дел од оние клиенти кои размислувале за купување на електрично возило од типот на Tesla Model 3 . Интересно, по овој модел, може да се очекува и Polestar електричен SUV кој би можел да се натпреварува со сеуште само најавениот Model Y, кој се подготвува од страна на Tesla и ќе се базира на Modelот 3.

Говорејќи за пазарот на електрични возила, еден од водечките луѓе во Polestar, Џонатан Гудман за Autocar, вели дека, со оглед на проектираниот раст на овој пазар, компаниите не смеат на елекричните возила да гледаат како на средство за транспорт во иднината на кои ќе се експериментира со футуристички дизајн, туку само треба да направат одлично дизајнирани автомобили кои ќе привлечат клиенти.