Независно дали сте почетник кој сега се договара со првиот клиент, или ветеран кој сака да ги погледне новите апликации и услуги, оваа листа ќе ви помогне да останете нормални додека работите како хонорарец. Се разбира, никогаш не може да има само една листа која ќе одговара на секој хонорарец на патот кон славата и успехот, па затоа овој пост е водич, а не листа со алатки кои мора да ги имате. Погледнете кои алатки одговараат на вашиот стил на работење и на вашите потреби, и употребете ги оние кои ќе ви помогнат да станете подобар во она што го правите.
1. Алатки за управување со проекти
Asana
Asana неодамна ја редизајнираа нивната апликација која сега изгледа многу пошарено. Тие навистина се потрудиле да го подобрат изгледот и чувството на нивната апликација. Искрено, изгледа навистина забавно! Но, визуелниот дизајн не е причината заради која треба да ја употребите оваа апликација, туку опциите како сандачето и можноста за доделување на задачи.
Flow
Flow е исто така алатка со многу опции. Има неверојатна група на можности како графикони, обележување за внимание и опција за важни задолженија.
Зависи од начинот на кој работите, сам и со вашите клиенти, но сепак погледнете ги овие алатки и проверете дали одговараат на вашиот стил. Ако не, важно е дека го имате добриот, стар Basecamp како резерва.
2. Фактурирање и наплата
Хонорарната работа е врзана со наплатата,а за тоа има многу алатки. Ви направив листа од неколку апликации.
Invoice.to
Ова е мојата омилена апликација од целата листа. Едноставна апликација која ви креира фактура. Сé што треба да направите е да ги пополните неопходните информации и да ја зачуввате вашата нова фактура. Ова не се однесува толку на изгледот на фактурата и бренирањето, колку на тоа да што фактурата ја правите брзо и си заштедувате многу време.
Slim voice
Многу слично на Invoice.to, само малку пообемно. Повторно станува збор за образец за фактурирање, но ви дава и можност за следење на тоа до каде се вашите наплати. Има поинаква естетика од Invoice.to, ако таа алатка не одговараше на вашиот стил.
Bonsai
Bonsai не е алатка за правење фактури, но ви помага да добиете наплата. Ви обезбедува едноставни договори кои не оставаат никакви дупки заради кои може клиентот да одолговлекува или избегнува наплата. Одлична алатка кога немате правник за помош. Оваа апликација исто така дозволува и уплати за вас, ако имате потреба тие да завршат нешто за вас.
Cushion
Досега, една од поинтересните апликации на оваа листа, барем за мене. Оваа апликација ви помага да следите каде ви се парите, каде треба да бидат и каде ќе бидат во иднина. Исто така имаат и интересен кориснички интерфејс. Секогаш е добро да имате визуелно претставување на вашите финансии и планови, за да знаете кој ќе биде вашиот следен чекор.
3. Учење
Не е важно дали сакате да почнете со хонорарна работа во ова поле или да ја однесете вашата работа на повисоко ниво, важно е дека секогаш треба да се обидувате да научите повеќе. Подолу има два продукти кои се креирани од Пол Џарвис за да им помогнат на сите хонорарци да станат подобри во својата област.
Creative Class
Creative Class е посветена на деловната страна од работењето како хонорарец и ви помага да го усовршите тоа. Целта е да ви помогне да си ги најдете своите клиенти од соништата и да бидете исплатени. Ќе бидете дел од заедница со студенти кои се обидуваат да го оживеат својот сон како хонорарци.
Freelance Guide
Creative Class може да ви е скап и дополнително, бара многу да му се посветите. Ако сте заинтересирани за малку послободно учење, тогаш регистрирајте се за 7-дневниот курс преку е-пошта, и добијте совети кои од вас ќе направат ненадминлив хонорарец. Ова, повеќе или помалку, е суштината на Create Class во 7 е-пораки.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест