Од подморските пирамиди до облаците и вонземјанските бази, научници и теоретичари на заговори во текот на долга низа години, се обидувале да истражат зошто исчезнуваат бродовите и авионите кога ќе влезат во Бермудскиот триаголник.
Во регионот кој го опфаќа морскиот дел меѓу Флорида, Порторико и Бермудите, исчезнале повеќе од десетина бродови, авиони и луѓе во текот на претходниот век.
Сега истражувачите велат дека причината за исчезнувањата се морските бранови кои можат да достигнат височина и до 30 метри.
Експертите од Универзитетот во Саутемптон веруваат дека мистеријата може да се објасни со природен феномен кој се нарекува „лажни бранови“.
Истражувачите направиле честички од водата од тој дел на светот, за потребите на документарецот „Бермудски триаголеник Енигма“.
Овие бранови се силни и можат да бидат многу опасни. Научниците често овие бранови ги нарекуваат „екстремно бурни бранови“.
Истражувачите изработиле и модел на брод кој исчезнал во 1918 година. Оваа несреќа однела 300 животи. Овој брод бил на патот од Бахиа во Салвадор кон Балтимор. Исчезнал 1918 година, за време на Втората светска војна. Остатоците и телата на патниците никогаш не биле пронајдени.
Доктор Симон Бокал, научник кој се занимава со океани и земја, вели дека во оваа област која ја бие лош глас, постојат три големи бури кои доаѓаат од три различни правци и кои создаваат совршени услови за лажен бран.
Бокал верува дека тоа е причината за исчезнувањето на овој брод.
Друг научник од Австралија верува дека причината за исчезнувањето на бродовите се човечки грешки. Тој смета дека во ова подрачје нема натприродни појави, кои се инспирација за бројни теоретичари на заговор.
Тој истакнува дека бројот на несреќи кои се случиле на ова место, е речиси ист како бројот на несреќи кои се случиле секаде низ светот.
Во текот на годините се појавиле бројни теории за оваа област. Американската крајбрежна стража го нарекува Бермудскиот триаголник „митско географско подрачје“.