Американската компанија ќе инвестира 4 милијарди долари во нивен развој до 2023 година
Американската компанија Ford најави оформување на нова компанија – Ford Autonomous Vehicles LLC, која ќе се занимава исклучиво со беспилотни автомобили. Американскиот производител е убеден дека овој чекор ќе помогне да се забрза развојот на автономниот транспорт.
Новата компанија, меѓу другото, ќе се занимава и пронаоѓање на инвестиции од трети лица за развој на вакви проекти. Се разбир, и самиот Ford ќе инвестира во развојот: компанијата планира да потроши околу 4 милијарди долари до 2023 година. Една милијарда од нив ќе одат за стартапот AI Argo, со седиште во Питсбург, кој исто така се занимава со беспилотни возила.
Поради создавање на уште една сестринска фирма планирани се промени и во раководството, кое треба да стапи на сила на 1-ви август. Генерален директор на Ford Autonomous Vehicles LLC ќе биде Шериф Маракби кој сега е потпретседател на Ford за автономни автомобили и електрификација. Маракби ја има предводено и автономната транспортна програма на Uber пред да дојде во Ford во 2017 година.
Треба да се напомене дека од неодамна Ford заедно со службата за испорака на храна во Мајами и Мајами Бич започна со пилот проект: беспилотниот миниван Transit Connect со специјални оддели за храна, доставува нарачки по домовите, и тоа доста успешнo.
Системот за испорака функционира на следниот начин: купувачот добива порака на својот мобилен телефон дека нарачката е пристигната. Човекот се приближува кон возилото, на екранот со допир го внесува тајниот код од пораката и на екранот се прикажуваат информации во која кутија се наоѓа неговата нарачка.