Се чини дека во последно време смартфоните стануваат постари, веќе после само неколку месеци користење. Сепак, не можеме сите по само неколку месеци да ги менуваме телефоните, но можеме да се погрижиме за тоа, оној кој го имаме да ни трае што е можно подолго.
Избегнувајте да ги правите следниве работи, за вашиот нов телефон да го користите долга низа на години.
Купувате евтини кабли и лошо се однесувате со нив
Ова е веројатно и најексплозивниот начин преку кој можете да го уништите својот телефон – евтини, кинески кабли за полнење. Многу од овие евтини кабли можат да го оштетат вашиот телефон, или уште полошo, да доведат до тоа да доживеете струен напад. Затоа, потребно е полначите и самите кабли кои често ги користите, да ги купувате од проверени брендови.
Кога ќе купите квалитетен кабел, потребно е да водите грижа за него, бидејќи со честото газење и развлекување на жиците во него, повторно ќе се соочите со непосакувани проблеми.
Не користите футрола
Колку луѓе познавате кои имаат напукнат екран на телефонот? Сите мислиме дека тоа на нас не може да ни се случи, но тоа не е така.
Најбезбедно е покрај заштитното стакло, телефонот да го ставите и во футрола.
Избегнувајте селфи на море или базен
Не постои „целосно водоотпорен“ телефон, и покрај тоа што има произведувачи кои истото го тврдат. Поединечни уреди можеби се поотпорни во однос на други, но секогаш постои ризик дека водата некако ќе навлезе во внатрешноста на телефонот.
Дури и ако вашиот уред има IP67 или IP68 ознака за водоотпорност (што претставува високо ниво на отпорност на вода), сепак бидете внимателни.
Извор: Telegraf.rs