Американската морнарица објави уште една видео снимка која што потврдува дека рускиот ловец му се приближил на американскиот партолен авион на околу 1,5 метри оддалеченост над Црното море.

Од Вашингтон се пожалија на опасното пресретнување на рускиот воен ловец Су-27 кој што над Црното море, во меѓународен воздушен простор, му се приближил на американскиот патролен авион „ЕП-3“ на само 1,5 метри оддалеченост.

Русиот воен ловец се приближил до американскиот на опасна оддалеченост и го следел се додека тој не го променил курсот и не започнал да се оддалечува од границите на рускиот воздушен простор.

Најпрвин од американската воена морнарица во текот на вчерашниот ден објавија видео од неколку секунди кое што прикажува како рускиот ловец прелетува во непосредна близина, но сега е објавено ново видео кое што ги потврдува американските тврдења дека рускиот ловец навистина лета премногу блиску.

Од руското министерство за одбрана порачаа дека во овој маневар нема ништо необично, ризично или непрофесионално, иако не ја објаснија потребата за еден ваков, очигледно опасен потег во меѓународен воздушен простор.