Германскиот премиум производител во Шангај ја претстави редизајнираната верзија на својот најпродаван модел на автомобил SUV Macan.
Првата генерација на Macan е продадена во повеќе од 350.000 примероци од нејзиното лансирање во 2014 година, а минатата година се продадени три пати повеќе автомобили од овој модел од 911.
„Новиот” Macan не се разликува драстично од „оригиналот”, станува збор за мали промени во дизајнот на ЛЕД-фаровите како стандардни делови.
Особено внимание привлекува задната ЛЕД-светлосна група која се протега по должината на целиот гепек на автомобилот, како што се Cayenne и Panamera, новата генерација 911 и електричниот модел Taykan.
Порше воведе нови бои како што се мајами сина, доломит сребрена металик, креон и мамба грин металик, со нови алуминиумски тркала од 20 и 21 инч.
Сите агрегати се на бензин, не се очекуваат дизел-мотори, но во оваа генерација нема ни хибриди.
Освежениот Macan прво ќе се продава во Кина, додека во остатокот од светот ќе биде достапен кон крајот на годината.
Според некои сознанија, цената во Германија ќе изнесува околу 58.000 евра.