Новата верзија на веб-прелистувачот Google Chrome ќе содржи опција за предупредување за интернет страници кои ја користат старата ХТТП (http) врска, наместо посигурната, нова ХТТПС (https).
ХТТПС линкот е криптиран и, макар што не е 100 отсто сигурен, е далеку подобра заштита од ХТТП. Тој, пред се, штити од следење на контактот меѓу корисникот и страницата, копирање пораки, несакано појавување на реклами, „копање” криптовалути… Уште пред неколку месеци Google најави дека ХТТП ќе се претвори во елемент што Хром ќе го препознава како проблем на одредена страница.
Така, кога ќе посетиме линк што има само ХТТП, ќе добиеме предупредување дека тој не е доволно сигурен.
Според официјални податоци, веќе 83 од стоте најпопуларни интернет страници во светот имат ХТТПС, а 76 отсто од интернет сообраќајот преку Chrome за Android е заштитен.