Британската авиокомпанија easyJet ја прогласи Хрватска за дестинација на годината, што дополнително беше потврдено од јулското издание на магазинот Inflight, кое за прв во својата историја целиот број го посвети на една земја, објави Хрватската туристичка заедница (ХТЗ), а пренесува SeeBiz.
Инаку оваа публикација е наменета за корисниците на нивните услуги и ќе придонесе за понатамошно промовирање на хрватските дестинации, бидејќи списанието на месечно ниво достигнува повеќе од шест милиони патници, се вели во соопштението.
EasyJet ја избра Хрватска како дестинација за којашто постојано расте интересот на туристите, со што таа стана една од клучните дестинации на оваа авиокомпанија, и кон која во летните месеци се превезуваат повеќе од еден милион патници. Само годинава има 49 активни линии кои ги поврзуваат Дубровник, Сплит, Пула и Задар со бројни клучни европски градови, се вели во соопштението од ХТЗ.
Хрватскиот туризам исто така, може да се пофали со повеќе од 70 нови редовни линии воведени само оваа година.
Авиокомпанијата easyJet годишно превезува повеќе од 82 милиони патници. Флотата е составена од 300 авиони кои летаат на вкупно 980 авиолинии на 156 аеродроми во 33 земји во светот.
Извор: SeeBiz.eu
Поврзани артикли