Научници од Универзитот на Алберта произведoa хард диск кој што има капацитет 1000 пати повеќе од кој и да било друг диск произведен.
Тоа значи дека 45 милиони песни што се наоѓаат на серверите на iTunes може да ги собере на диск голем колку една паричка.
Научниците користеа технологија која што беше создадена пред 1 година.
Технологијата работи на тој начин што произведува електрични кола со големина од неколку атоми, со што дозволува брзо вадење и заменување на единствен водороден атом.
Претходните технологии на мемориски уреди од ваков тип не дозволуваа овие дискови да станат комерцијални бидејќи работеа само на екстремно ниски температури. Но сега истите можат да работат и на собни температури.
Научниците моментално работат на зголемување на брзината за разменување на податоци, но се очекува во наредните година две овој тип на дискови да почнат да се појавуваат во првите компјутери како и мобилни уреди.