Во неделата се одржа третиот натпревар на SpaceX на кој победи тимот WARR Hyperloop од Германија во кој учествуваа студенти од Техничкиот универзитет од Минхен. Hyperloop возилото успеа да достигне брзина од дури 466 километри на час односно 290 милји на час. Тимот го надмина сопствениот резултат од претходниот тест кога брзината изнесуваше 201 милја на час (323 километри на час).
We're excited to announce that our team WARR Hyperloop is the winner of the 2018 SpaceX Hyperloop Pod Competition!!!!!
We managed to go almost 50% faster than last year, reaching a final speed of 467 km/h (290 mph)!
We'd like to sincerely thank all our sponsors! pic.twitter.com/YpPTURnHp5
— TUM Hyperloop (@TUM_Hyperloop) July 23, 2018
Освен тој рекорд, падна и рекордот на Virgin Hyperloop кој беше поставен во декември, а изнесуваше 240 милји на час (386 километри на час). Тимот на WARR имаше далеку најдобар резултат, бидејќи второпласираниот тим Delft Hyperloop од Холандија имаше резултат од 88 милји, а третопласираниот тим EPFLoop од Швајцарија имаше резултат од само 53 милји.
Тестирањето се одржуваше во седиштето на SpaceX во Hawthorne (Калифорнија, САД), а пистата била долга 1.5 километри. Идеата на Musk беше презентирана уште пред 5 години, а возилата би требало да се движат со брзина од дури 760 милји на час (1.222 километри на час), па патувањето помеѓу Лос Анџелес и Сан Франциско би траел половина час, наместо сегашните 6 часови со автомобил.
Поврзани артикли