Европската унија и Јапонија потпишаа договор за намалување на увозните давачки, а кој се однесува и на автомобилите
Според овој договор, ЕУ ќе намали 94 отсто од царинските давачки за целиот извоз во Јапонија, додека Јапонија ќе ги намали 99 отсто од царинските давачки за извоз во ЕУ.
Што се однесува до автомобилите и други возила, тарифите ќе бидат отстранети во осмата година од договорот кој ќе започне со реализација во 2019 година.
Двете страни потпишаа договор во време на големи глобални трговски тензии и еден вид трговска „војна“ на САД предводена од претседателот Доналд Трамп со Кина.
Оваа „војна“ ги зголеми тарифите за извоз на возила од САД во остатокот од светот.