Android нуди импресивни можности за персонализација и е слободен за производителите на паметни телефони, и поради тоа платформата е толку популарна. Во моментов има над 2 милијарди активни уреди со Android OS, што само по себе е доказ за успехот на софтверот во мобилната индустрија. Нова истрага на антимонополските органи на европскиот континент, сепак може да создаде неочекувани проблеми, бидејќи ЕУ го казнија Google со 4.3 милијарди евра поради Android.
Тоа е импозантна сума дури и за компанија од рангот на Google и може да стане причина за поведување невидени мерки досега. Во голема мера ЕУ сакаат да се прекинат сегашните договори со производителите, кои им даваат дозвола до Google Play и гарантираат дека можат да го користат бесплатно Аndroid. Ако тоа се случи секоја компанија ќе избира какви апликации да инсталира однапред на смартфоните, што ќе им овозможи целосна слобода.
Сигурно идејата ќе им се допадне на потрошувачите, но ќе доведе до дополнителни трошоци, со што ќе се зголеми цената на паметните телефони. Google посвети посебно внимание на овој факт и се обиде да ја убеди ЕК дека воведувањето на таква парична казна ќе го наруши „балансот на екосистемите на Android“. Компанијата тврди дека тие веќе инвестирале милијарди долари во развојот и одржувањето на платформата за да биде таа бесплатна за сите.
Поврзани артикли