Upwork е една од најголемите (ако не и најголема) платформи кои посредуваат помеѓу фирми (или индивидуалци) кои објавуваат проекти и фриленсери кои бараат работа. Upwork е многу популарен и во Македонија, но ако се обидете да погледнете какви резултати постигнуваат нашите фриленсери, ќе забележите дека има и многу успешни но и такви кои не заработиле ништо.
За да бидете од оние кои имаат добри (финансиски) резултати, една од работите на која треба да посветите посебно внимание е подготовка на понудата. Да не должиме премногу – одвојте 25 минути и погледнете ја денешнава лекција со John Morris.
Сакаш и ти да станеш успешен фриленсер?
Прва и основна работа која е потребна е поседување знаења и вештини. Ако ги немаш, или не си задоволен од нив, се наоѓаш на вистинското место.
Веб академијата Еверест е специјализирана за школување на далечина со помош на ментори за професии во област на веб индустријата.
Ако сакаш да дознаеш како може да ти помогнеме да стигнеш до добро платена работа или вработување, закажи бесплатна индивидуална консултација на овој линк.
Текстот е преземен од веб-сајтот на Веб Академија Еверест