Од 1999. година наваму Skytrax секоја година прави истражувања за тоа колку клиентите се задоволни од авиокомпаниите. Еднаш во годината на 20 милиони корисници им се дава можност да го споделат своето мислење во врска со различни аспекти од летањето.
Долги години myAustrian е помеѓу водечките компании. Мотото на myAustrian “The charming way to fly” си има свое место во срцата на корисниците. Токму тоа и беше потврдено на годинешните Skytrax награди (Skytrax World Airline Awards 2018). Нашите колеги се горди што петта година по ред го добиваат ова признание.
Austrian Airlines се закити со награди за Најдобра услуга на авиокомпанија во Европа и Најдобар кетеринг во бизнис класа.
“Веќе долги години нашата цел е да им понудиме на клиентите исклучителни кулинарски искуства во бизнис класата на myAustrian. И тоа навистина се исплатеше, по освоеното 4-то место лани, испитаниците од истражувањето на Skytrax за 2018 го рангираа нашиот кетеринг во бизнис класата на прво место во светот (DO & CO). Би сакале да ја изразиме нашата огромна благодарност за овој позитивен фидбек. Skytrax наградите не охрабруваат да останеме на патеката по којашто се движиме, а тоа е грижата да ви обезбедиме врвна услуга што ќе ви измами насмевка додека патувате!“- велат од Austrian Airlines.
Поврзани артикли