Данското архитектонско студио Bjarke Ingels Group (BIG) дизајнираше несекојдневен базен во пристаништето на данскиот град Архус, пишува Design Boom.
Комплексот располага со базен од 50 метри, детски базен, нуркачки базен и две сауни, а може да прими 650 капачи. Ова место за релаксација и забава се смета за најголема морска бања од ваков тип.
Инаку дизајнот е во форма на буквата Г и формира пловечки вештачки остров на брегот на вториот по големина град во Данска. Целиот комплекс нуди како објекти за пливање, така и плажа и терени за одбојка, барови и кафулиња коишто се наредени по должината на морето.
Идните планови за отворениот базен предвидуваат да се изгради театар, хотел, ресторани, продавници, но и куќи за капење. Инаку овој комплекс е отворен за јавноста од 11 часот претпладне до 7 часот наутро следниот ден, и ќе биде отворен до на август 2018 година.
Поврзани артикли