За околу три седмици Samsung во Њујорк ќе го претстави новиот Note, а веќе на интернет се појавија првите фотографии од новиот адут на јужнокорејската компанија.
Фотографиите кои што се појавија на интернет наводно го покажуваат новиот Galaxy Note 9 на Samsung, па доколку тоа навистина е изгледот на новиот телефон, тогаш „деветката“ и нема премногу да се разликува од својот претходник.
Фотографиите исто така откриваат дека сензорот за отпечатоци на прсти кај Galaxy Note 9 е сместен под камерата исто како и кај Galaxy S9, што значи дека ќе биде полесно да се „погоди“ сензорот, наместо притоа да се допира камерата како што беше случај кај Galaxy S8.
#Samsung – #GalaxyNote9 – Samsung Galaxy Note 9 live images leaked https://t.co/WEgJIsWtEy pic.twitter.com/kMwHm7kpBc
— /LEAKS (@Slashleaks) July 17, 2018
Од Samsung веќе ги испратија поканите за настанот кој ќе се одржи во Њујорк на 9-ти август кога ќе ги дознаеме сите спецификации на новиот адут на јужнокорејската компанија, како и конечниот изглед на телефонот.
https://twitter.com/evleaks/status/1019235246947098624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1019235246947098624&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F275742%2Fprotekoa-fotografii-od-noviot-telefon-na-samsung