Американскиот интернет-гигант Google најави поставување трансатлантски подводен кабел од Франција до Вирџинија.
Од компанијата соопштија дека крајната точка на подводниот кабел ќе биде во континенталниот дел на САД, во Вирџинија Бич и дека неговото пуштање во употреба се очекува во 2020 година.
Како што велат од Google, со проширената мрежа проектот ќе обезбеди подобро опслужување на корисниците, имајќи предвид дека интернет-сообраќајот преку Атлантикот е меѓу најпрометните.
Кабелот, исто така, ќе го поддржи растот на Google Cloud.
Проектот е именуван според иноваторот Анри Динан, првиот добитник на Нобеловата награда за мир и основач на Црвениот крст.