Неколку успешни приказни на млади студенти кои по завршување на летните менторски програми на Семос Едукација, започнаа со градење на нова кариера во некоја од реномираните ИТ компании
Летните менторски програми на Семос Едукација кои се одржуваат деветта година по ред во текот на летниот период, досега обучија голем број на студенти во неколку од најбараните ИТ и креативни области.
Своите искуства и патот до успехот за само едно лето со нас ги споделија неколку студенти од летните менторски програми на Семос Едукација: Стефан Ристовски, Даниел Дервишевиќ и Александра Станојковска.
Стефан Ристовски моментално работи во Семос како Software Developer, а вклучен е во повеќе тековни проекти, андроид и веб апликации за домашниот пазар. Тој вели дека менторската програма во која учествувал била клучна за да ги стекне потребните квалификации и да се вработи: „Менторската програма е одлична можност да стекнеш нови знаења, а воедно претставува и еден вид на пракса којашто му е потребна на секој програмер. Таа и ми ја донесе позицијата на која што сум во моментов.“ – раскажува Стефан. Тој вели дека учеството на менторската програма и работата на реален проект му донела многу придобивки: „Всушност, мислам дека работењето на проекти најмногу ми помогна. Проектите кои ни беа дадени се базираа на она што го учевме за време на обуката. Мислам дека тоа беше одличен начин да се подобри и унапреди знаењето кое го стекнуваме од обуката“.
Даниел Дервишевиќ работи во компанијата Euro BPO – Virtual1 која е интернет провајдер во Англија. Работи како мрежен инженер (First Line Network engineer) на одржување на мрежа, решавање на проблеми и сл. На прашањето какви квалификации биле потребни за таа позиција, Даниел вели дека пред сѐ потребни се основни познавања од компјутерски мрежи, интернет, компоненти и опрема, како и познавање на англискиот јазик, а дел од овие квалификации ги стекнал преку курсевите кои ги посетувал во СЕМОС Едукација: „Немав претходни познавања во оваа област, но курсевите кои ги посетував во Семос Едукација ме запознаа со основите кои ми беа потребни за да започнам со работа.“ Даниел вели дека претходно најчесто барал работа преку огласи. За неговата моментална работна позиција добил препорака од предавачот Игор на курсот кој го посетувал во Семос Едукација: „Слушањето на курсот беше всушност клучно за да ја добијам оваа работа, бидејќи целото свое знаење во оваа област го добив токму таму на курсот за CCNA кој траеше 4 недели. Првите две недели го изучувавме CCNA1, вторите две CCNA2. Мислев дека ова е краток период за да успеам да ги научам основите, но сепак крајните резултати го покажаа токму спротивното.“
Уште една во низата успешни приказни на студентите од Семос Едукација е онаа на Александра Станојковска. Таа во моментов е практикант во Semos Cloud, по препорака на Кариерниот центар на Семос Едукација. На прашањето колку менторската програма во која учествувала ѝ помогна да ги стекне потребните квалификации и да се вработи, Александра вели: „Тоа што бев дел од менторската програма за мене беше од голема полза, пред сѐ стекнав знаења во областa на Web Development, а истовремено многу ми олесна кога аплицирaв за пракса. Преку менторската програма се стекнав со нови знаења и ги надградив претходните, истовремено го проширив и мојот круг на пријатели. Ги проширив видиците и преку работа на реални проекти имав и практична примена на знаењата.“
Сите тројца едногласно им порачаа на сите оние кои би сакале да бидат дел од менторска програма дека не треба да се двоумат и без размислување да го направат тоа. Преку овој начин тие инвестираат во самите себе, а подоцна тој труд ќе им се рефлектира врз нивната професионална кариера за многу краток период.
Менторските програми вклучуваат пакет на обуки во Семос Едукација, стипендии и специјални попусти од официјалните вендори Microsoft, Cisco, Adobe и Autodesk, и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од соодветна компанија. Семос Едукација во соработка со неколку компании креира 6 различни менторски програми за обучување во најбараните ИТ и креативни области, и тоа: Microsoft и Cisco Летна IT Школа во кои се вклучени стипендии до 1.640 €, Adobe менторска програма за графички дизајн; менторска програма за фотографија; менторска програма за внатрешен дизајн и програма за MERN Full Stack Developer.