Замислете да управувате дрон користејќи го движењето на вашето торзо, додека главата е слободна за да разгледува наоколу, so други зборови да летате како птица.
Истражување покажа дека е попрецизно и поефективно ако се управуваат летачки машини со торзото наместо со долго користениот џојстик.
Научниците поставија 19 сензори на телото на 17 индивидуалци за да ги мониторираат рефлексите во торзото кога управуваат со дрон преку сет за виртуелна реалност. Според нив, со 4 точки од торзото може лесно да се управува еден дрон.
Според овие 4 точки, институтот произведе интерфејс кој што ги мониторира движењета на торзото и според нив ги пренесува командите до дронот.
Квалитетот на летањето беше тестиран на патека со пречки, а 39 професионални пилоти на дрон исто така беа тестирани на истата патека. Управувањето со торзо имаше подобар резултат во прецизност, во рефлекси и во стабилност.
Научниците сега работат на уред за управување со торзото, кој што ќе биде едноставен за користење и ќе се облекува како елек. Овој тип на управување може да се користи од симулатори за летање до управување на дронови, дури и во следната генерација на електрични авиони.