Samsung Bixby е името на корисна услуга со вештачки интелект која беше претставена со Galaxy S8 пред две години. Досега, виртуелниот асистент беше достапен само за паметните телефони на компанијата, но наскоро ќе стане дел од нивните паметни часовници. Следниот Samsung модел во овој сегмент ќе вклучи поддршка за Bixby и се очекува да биде објавен заедно со Galaxy Note 9 на специјален настан што ќе се одржи на 9-ти август.
Новиот модел се развива како Samsung Gear S4, но ќе се дебитира како Galaxy Watch. Идните сопственици на уредот ќе можат да го користат Bixby од специјално хардверско копче или со говорна команда Hi Bixby“, информира „СамМобајл“. Новата верзија на виртуелниот асистент ќе понуди бројни подобрувања и ќе може многу побрзо да ги обработува информациите. Интеграцијата на Bixby ќе го замени S Voice како основна услуга со гласовни команди во паметниот часовник.
Техничките спецификации не се познати, но можеме да очекуваме Galaxy Watch да го задржи дизајнот на својот претходник и да работи со Wear OS. Повеќе детали за стратегијата на Samsung на пазарот на фитнес гаџети и паметни часовници ќе дознаеме на саемот IFA 2018 што ќе се одржи во Берлин помеѓу 31 август и 5 септември. Но, се чини дека Bixby ќе има поголемо значење за Samsung во индустријата и ќе го најде своето место во многу други уреди.