Министерството за трговија на САД ги повлече сите санкции изречени претходно кон ZTE. Тоа ги одврзува рацете на американските производители повторно да продаваат чипови и други производи на кинеската компанија, пренесува Ројтерс.
ZTE сега може целосно да го активира својот бизнис. Компанијата има депонирано 400 милиони долари како залог против можни идни прекршоци. Овие пари ќе бидат вратени на ZTE по 10 години, ако компанијата ги почитува условите на државните власти.
Освен тоа ZTE плати на САД глоба во износ од 1 милијарда долари и го смени менаџерскиот тим, како што инсистираа американските регулаторни органи, поради прекршување на претходно склучен договор.
По откривањето на веста за симнување на санкциите, акциите на кинескиот производител на смартфони и телеком опрема поскапеа за 25%. Но, хартиите од вредност на компанијата сè уште се поевтини отколку пред да бидат наметнати санкциите.
Поврзани артикли