Најверојатно една од најдобрите карактеристики на WordPress е можноста лесно да најдете тема. Погледнете ги другите CMS-и – независно дали тоа е Joomla!, Drupal или Textpattern – никој од нив не може да му се доближи на бројот на темите и образците кои WordPress ви ги нуди на располагање. Покрај тоа што нуди многу бесплатни теми, надополнет е и со неколку обезбедувачи на премиум теми. Па, што точно е разликата помеѓу премиум и бесплатна тема? Едноставно кажано, премиум темите се оние кои се наплатуваат, а бесплатните не.
Премиум теми
Како и секој друг комерцијален артикл, премиум темите често се предмет на дискусија заради цената по која се нудат. Некои луѓе тврдат дека премиум темите се нефер средства за монетаризирање на open source проект, а други пак, дека тие се решенија кои не би можело да се обезбедат во отсуство на комерцијално финансирање, и дека заради конкуренцијата, премиум темите се со пониска цена отколку што треба.
Ако зборувааме за позитивната страна, премиум темите имаат многу предности:
- Прво и основно, најголемиот број на премиум теми доаѓаат со A+ стандард за поддршка, нешто што бесплатните теми го немаат. Причината за ова е тоа што развивачите кои ги градат премиум темите на нив гледаат како на средства за живот и затоа обезбедуваат одлична поддршка.
- Дополнително, премиум темите се сигурни. Тие редовно се ажурираат, и често доаѓаат со доживотна поддршка и обемна документација.
- Премиум темите имаат неколку уникатни опции кои недостасуваат кај бесплатните теми. Поради силната конкуренција, обезбедувачите на теми работат напорно за да го понудат најдоброто, па затоа премиум темите несомнено се многу богати со опции.
- Премиум темите внимаваат на деталите. Имено, имаат подобри параметри за прилагодувања на SEO од бесплатните.
- Во исти рамки на претходно кажаното, премиум темите доаѓаат во неколку форми за да одговорат на вашите потреби – има и посебни понуди во зависност од жанрот на вашиот веб сајт.
- За разлика од бесплатните теми, премиум темите не се толку чести и може да додадат уникатен шарм на вашиот блог.
- Може да го забрзате вашиот процес на развој на веб сајтови за 10 пати кога употребувате нови премиум WordPress алатки.
Од друга страна, премиум темите имаат и свои недостатоци:
- За разлика од бесплатните теми, кои обично се додаваат во официјалната архива на WP и поминуваат низ процес на оценување, премиум темите понекогаш може да бидат само комерцијални објекти кои може, но и не мора, да се во согласност со стандардите во однос на лиценцирањето.
- Премиум темите се наплатуваат, па затоа трошењето пари на блог кој може да е само нечие хоби, не одговара секому.
- Иако ова не се однесува на секоја од темите, сепак, понекогаш премиум темите, во трка да бидат неверојатни, може да се преоптоварени со неколку опции, дел од кои реално не би ви биле потребни. Затоа, може да се случи да употребувате само сет од вкупниот број на опции. Со други зборови, за одредени сценарија, употребувањето на премиум тема може да е претерано.
Каде да најдете премиум теми?
Постојат голем број веб продавници за премиум теми и додатоци. Сепак, според обемот на понудени теми и продажба, ова се едни од најдобрите локации:
- Themeforest (теми)
- CodeCanyon (додатоци)
- Mojo Themes
- Mojo Code (скрипти и додатоци)
- WP Eden
- ThemeSnap
- WP Shop
- Creative Market
- Codester
Бесплатни теми
Има неколку бесплатни теми за WordPress од различни обезбедувачи. Често, развивачите креираат бесплатни теми за своето портфолио или од забава. Од друга страна, многу од обезбедувачите на премиум теми, како и WP – поврзаните блогови, може да објават и бесплатна тема за своите посетители.
Бесплатните теми имаат неколку предности:
- Прво, бесплатните теми не ви копаат по џебовите. Само ги превземате и ги употребувате! Нема потреба од плаќање.
- Иако кај бесплатните теми нема лична поддршка, сепак многу од развивачите одговараат на прашања и коментари на форуми. Дополнително, секогаш може да добиете одлична поддршка од WP Codex и официјалните форуми.
- Со оглед на тоа што бесплатните теми се почести, бројот на додатоци и прилагодувања за конфигурации кои тие ги поддржуваат е поголем. Во случај кога некој додаток нема да работи со дадена тема, може да поставите прашање или проблем во официјалната архива. Со премиум темите, заради малата корисничка база, овој процес бара дополнително време.
Бесплатните теми имаат и свои недостатоци:
- Бесплатните теми обично не доаѓаат со гаранција за тоа дека работат.
- За разлика од премиум темите, кај бесплатните не може да очекувате одлична, лична поддршка.
- Стапката на ажурирања, иако е добра, не е одлична како кај премиум темите.
- Повеќето бесплатни теми се чести, па тоа може да го убие ‘уникатниот’ изглед на вашиот блог.
- На крајот, има неколку обезбедувачи на бесплатни теми кои нудат теми со спам и фишинг линкови, линкови кои симулираат сигурна веб локација за да добијат доверливи информации. Ако превземате бесплатни теми, најдобро е тоа да го направите од угледни обезбедувачи, наместо само да пребарате бесплатни теми на Google.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест