Apple планира 11-инчен iPad Pro и Apple Watch со поголем екран без рамки

Ming-Chi Kuo, познатиот аналитичар на екосистемот на Apple, уште претходно ги потврди плановите на компанијата да објави три iPhone модели оваа година. Сега имаме и некои детали за претстојните модели на iPad и Apple Watch.

Кога се во прашање таблет уредите, извештаите потврдуваат дека Face ID пристигнува во iPad Pro линијата. Потврдено е дека двата нови модела ќе имплементираат освежен дизајн (отстранување на физичко home копче, намалување на рамките околу екранот). Поголемиот iPad Pro модел ќе има помали физички димензии, но ќе го задржи 12,9-инчниот дисплеј. Кога е во прашање помалиот модел, тој ќе добие зголемување на дисплејот на 11 инли. Ова претставува второ зголемување на екранот од објавата – оригиналниот модел пристигна во 2016. година со 9,7-инчен панел.

Што се однесува до Apple Watch, Ming-Chi Kuo ги потврди претходните информации за различните големини на паметниот часовник. Помалиот модел ќе има екран со големина од 1.57 инчи, додека поголемиот модел ќе има 1,78-инчен дисплеј. Се очекуваат и значајни подобрувања на функциите, како што е следење на работата на срцето и друго.