Продажбите на телефоните со брендот на Huawei одат повеќе од добро, но не помалку добро се претставува и другата главна линија смартфони на кинеската компанија која се нарекува Honor.
Денес Honor објави дека во првата половина на годината достигнале раст на продажбата надвор од Кина од 150%, а за неколку месеци, предводникот Honor 10 веќе е продаден во тираж од над 3 милиони парчиња. Уредот е успешна приказна во Малезија, Русија, Франција и Германија, заедно со другите пазари.
Honor се пофали дека во мај стана вториот најпродаван бренд смартфони во Русија, откако ја надминала Apple по 13 месеци, поминати на третото место. Во првата половина на годината компанијата запиша раст на продажбата од 300% во Индија, 200% во Велика Британија и 500% во Шпанија.
Во меѓувреме, Honor ги проширува своите производи на повеќе пазари ширум светот, додека дома веќе е на прво место по онлајн продажби.