ТВ Експерти од реномираното германско списание “Видео Магазин“ го изложија Самсунг Кју-ЛЕД ТВ екранот на 72 – часовен “стрес-тест” во лабараторијата “конект Тестлаб“ и го сертифицираа како производ кој функционира без несакани визуелни ефекти.
Реномираното Германско списание за технологија – “Видео Магазин“ потврди дека Самсунг Кју-ЛЕД (Samsung QLED) ТВ уредите не покажуваат ефект на “изгореници“ (burn-in effect) на екранот. Во соработка со лабараторијата “конект Тестлаб“ (connect Testlab) – глобална лабараторија за тестирање, целата серија на Самсунг Кју-ЛЕД ТВ уреди од 2018 година се покажа како одлична, без манифестации на ефектот на “изгореници“ на екранот, ниту пак на ефект на задоцнет одблесок. Со ова повторно се потврди позиционирањето на КјуЛЕД телевизорите на Самсунг како едни од најиздржливите екрани на пазарот денес.
Очекувањата од ТВ екраните денес се сѐ поголеми, особено со употреба на технологиите за приказ во висок динамички опсег (High Dynamic Range – HDR). Ризикот од “изгореници“ на сликата е особено загрижувачки за ТВ корисниците во премиум сегментот. За да се види дали екранот ги задоволува строгите барања за перформанс, ТВ експерти од “Видео“ и “конект Тестлаб“ извршија тестирање потребно за сертификација, базирано на Стандардот за Информативните Мерки за Екрани – меѓународен стандард за мерење на панели, поконкретно за квалитет на приказ на прикажување на содржината во висок динамички опсег на КјуЛЕД ТВ екрани.
Кју-ЛЕД ТВ уредите на Самсунг го поминаа “стрес-тестот“ и се здобија со сертификат за работа без ефект на “изгореници“ и без ефект на “отсјај“. Во седумдесет и два часовниот тест на издржливост, тестерите изведоа низа мерки на Самсунг КјуЛЕД телевизорите за да проверат дали ќе има појава на ефект на “изгореници“, чиј причинител може да бидат елементите на прикажаната статична слика. Овие ефекти, исто така именувани и како “ефект на помнење“, ефект на “дух-фотографија“, “ретенција на фотографија“, “леплива фотографија“, или непрецизно како “изгореница“, видливо го нарушуваат квалитетот на сликата на телевизорот.
Во случај на некои технологии за екрани, ефектот на “помнење“ ќе започне да појавува по една минута од користење на ТВ уредот доколку елементите на сликата се прикажани на екранот со висок степен на луминисценција. Во рамки на ова тестирање, ТВ екраните прикажуваа шаховска табла за длабоки црни и многу светли бели вредности во подолги временски периоди. Тест-инженерите додадоа варијабилни текстуални елементи и бела рамка со интермитентно трепкање на тест-сликата, со што автоматското откривање на неподвижни фотографии за современите телевизори со висок динамички опсег не можеше да се активира. Ова им помогна на тестерите да создадат слични услови како кај игрите во висок динамички опсег. Покрај стандардната анализа, тестерите користеа темно сиви слики со вредности на осветленост од 10 нити со цел да увидат дали некои од темните пиксели ќе осветлат.
Овие мерења демонстрираа дека тестираните Самсунг КјуЛЕД ТВ уреди останаа непроменети и покрај ригорозните тестови. На овој начин, ТВ уредот теоретски може да остане вклучен постојано, без притоа да се појават елементи од сликата, како логоа, оставајќи отсјај или “изгореници“.
Имајќи в предвид дека квалитетот на телевизискиот екран е силно оштетен од отсјајот и изгорениците, особено по емитување на слики со висок динамички опсег со екстремна светлосна вредност, Самсунг КјуЛЕД ТВ е вистински избор помеѓу голем број на други модерни ТВ уреди за оние што планираат да инвестираат во телевизор со висока резолуција. КјуЛЕД ТВ уредот на Самсунг гарантира моќна визуелна способност без потенцијални ефекти на помнење или трајно оштетување.
“Секој кој е особено чувствителен на “дух-слики“ и не сака да ризикува во текот на долгогодишна употреба, ќе биде безбеден со ЛЦД или КјуЛЕД екран, соодветно.“ – заклучија експертите за тестирање.
Поврзани артикли