Questions стикерот се приклучува на досегашните стикери за анкети и одговори на прашањата преку „слајдер“ со што Stories стануваат интерактивна платформа
Само неколку месеци претходно Instagram воведе анкети кои можат да се поставуваат како стикери, но тој експеримент не помина така успешно како што се надеваа од компанијата. Сега, со мали измени, се појави нов стикер кој им овозможува на вашите следачи да ви поставуваат прашања кога вие ќе посакате.
Од Instagram велат дека ова е „начин да се започне разговор во моменти кога немате споделено слика или видео“. Со други зборови, Instagram сака да се осигура дека луѓето ќе објавуваат нова содржина на нивните Stories дури и кога ќе немаат никаква идеја.
Новата опција може да се најде во менито со стикери. Одберете ја, напишете вовед (или побарајте да ви биде поставено прашање) и оставете го на вашето Story. Откако вашите следачи ќе напишат нешто, нивната содржина ќе се појави во делот каде Instagram ви покажува кој го гледал вашето Story.
Оттаму, можете да притиснете на прашањето за да го одговорите. Откако вашите следачи нешто ќе напишат, можете тоа да го споделите на вашето Story, без притоа да биде покажано името на следачот кој го има напишано тоа.
Од вчера, оваа опција е достапна за корисниците на Android и iOS.