Со апликацијата Road Trip ја запознавате историјата на градовите низ кои минувате

Доколку често патувате и користите навигација, а притоа сакате да дознаете што повеќе информации за местата и градовите низ кои поминувате, апликацијата наречена Road Trip ќе ви биде од голема помош.

Техно експертот Малте Убл креирал апликација која ја открива локацијата на корисникот и пронаоѓа релевантни информации на Википедија за тоа место.

Road Trip потоа на глас ги чита тие информации, како паметен туристички водич кој знае се за историјата на градот и ви зборува додека се возите или пешачите.

За оние љубопитните, апликацијата нуди можност за читање и на други интересни информации за околните места. Road Trip може да работи на Google Chrome, Firefox и други прелистувачи кои поддржуваат GPS и синтеза на говорот.

“Првобитно ја развив оваа апликација за себе, бидејќи често возев низ разни места и отсекогаш сум посакувал да научам нешто повеќе за нив додека седам зад воланот и немам ништо попаметно за правење”, изјавил Убл за The Verge.

Меѓутоа, неговата идеја заинтересирала голем број програмери, а најпосле и луѓе кои сакаат да ја користат, посебно во текот на долгите патувања.

Извор: Klix.ba