iPhone и iPad се показатели за богатство

Сопствениците на уреди како што се iPhone или iPad имаат висок социоекономски статус во САД, се наведува во студијата на Универзитетот од Чикаго и Националното биро за економски истражувања.

Според податоците за 2016 година, ниту еден друг бренд не покажува таков предвидлив висок степен на приход како iPhone на Apple. Економистите забележуваат дека речиси седум од десет сопственици на iPhone заработуваат повеќе од другите.

Со други зборови, сопствениците на iPhone во САД речиси гарантирано ќе влезат во горниот дел на скалата на приходи меѓу различните групи Американци. Податоците од истражувањето не го објаснуваат влијанието на iPhone Х, кој излезе во ноември 2017 година, чија почетна цена е илјада долари без договор со оператор.

Богатите луѓе меѓу сопствениците на iPhone се 69,1 отсто, додека сопствениците на iPad – 66,9 проценти, покажуваат податоците од истражувањето. Меѓу сопствениците на уреди со Android, 59,5 отсто од корисниците имаат висока плата.