Samsung подготвува премиера на два нови таблет уреда, кои ќе бидат наречени Galaxy Tab Advanced 2 и Advanced 2 XL. Двата уреда, заедно со претстојниот Galaxy Tab S4, се очекува да го прошират портфолиото на Android уреди до крајот на 2018 година. Информациите откриваат дека Galaxy Tab Advanced 2 и Advanced 2 XL ќе имаат идентичен дизајн, а вториот ќе понуди потенки рамки околу екранот. Интересно решение е отсуството на традиционалното Home копче однапред.
За разлика од сегашните таблети со Android на компанијата, новите модели ќе имаат USB Type-C конектори под екранот, наместо традиционалните microUSB портови, пренесе „Аndroid Headlines“. Според податоците, Galaxy Tab Advanced 2 ќе биде опремен со 10,1-инчен дисплеј кој поддржува Full HD резолуција од 1920×1200 пиксели. Високите перформанси ќе бидат гарантирани од страна на Samsung Exynos 7870 процесорот, кој е надополнет со 3GB RAM и 32GB вградена меморија.
Двата таблети исто така ќе понудат поддршка за Android 8.1 Oreo и Bluetooth 4.2, како и класични 3.5mm аудио приклучоци. Најмалку еден од двата модели се очекува да има вграден слот за SIM картичка. Многу е веројатно дека Galaxy Tab Advanced 2 XL ќе има уште помоќен процесор и уште поголем екран. Засега, тоа се сите детали што ги имаме за новите таблети на Samsung, а допрва ќе разбереме каква ќе биде цената во Европа.