Ако му се верува на извештајот на швајцарската инвестициска банка UBS, до 2030 година испораката на храна ќе ги „убие рестораните“. Според експертите за оваа проблематика, благодарение на роботите и беспилотните летала за испорака на храна, цената на храната која ќе ви ја донесат дома ќе биде иста како и онаа која би ја платиле сами да си ја зготвите дома. Тоа, пак, значи дека рестораните не ќе можат да ја издржат конкуренцијата и најверојатно полека ќе заминуваат во „пензија“.
За 12 години, готвењето повеќе не е биде неопходност и ова би можело да изврши нова револуција во животот на обичниот човек. Оттука, според експертите на UBS, не само што ќе се откажеме од готвење дома, туку веројатно ќе се смени и архитектурата и дизајнот на нашите идни домови. Тоа значи дека кујнскиот простор ќе биде сведен на минимум, па дури во некои станови и нема да биде планиран простор за кујна.
Манијата за испорака на храна очигледно ја промени работата на рестораните. Кујните трошат многу повеќе време за подготвување јадења за испорака , но овој напор – според проценките на некои платформи за испорака на храна – е широко прифатен со просечно зголемување на приходите од 15% . Тоа значи дека и во иднина некои ресторани комплетно ќе се посветат на готвење храна за испорака и многу веројатно нивниот угостителски дел со маси и столови ќе замине во историјата. Од рестораните, голема е веројатноста, да останат само кујните.
Поврзани артикли