Surface Go е најевтиниот Surface уред на Microsoft досега, а пристигнува со почетна цена од 399 долари. Овој конвертибилен таблет се става во конкуренција со продуктивните таблети како што се Apple iPad и Samsung Galaxy Book.
Моделот на Microsoft е лесен и пренослив, а има дебелина од 8,3 милиметри. Пристигнува со 10-инчен (1800 x 1200p) PixelSense дисплеј и компатибилен е со Surface Pen, овозможувајќи 4096 нивоа на притисок. Surface Go користи Intel Pentium Gold 4415Y двојадрен процесор, кој е 14nm Kaby Lake чипсет со работен такт од 1.6 Ghz.
https://youtu.be/krRRskzHWFE
Куќиштето на таблет уредот е креирано од магнезиум, а ова е прв Surface model кој пристигнува без USB Type-A порт. Тука се само USB 3.1 Gen 1 Type-C, Surface Connect и micro-SD читачот на картички, како и 3,5 мм приклучок за слушалки.
- Surface Go 4GB RAM / 64GB eMMC: $400
- Surface Go 8GB RAM / 128GB SSD: $550
Уредот има 4GB или 8GB 1866MHz LPDDR3 RAM, 64GB eMMC или 128GB SSD. IR камерата од предната страна е за Windows Hello, а тука се и стерео звучниците за Dolby Audio Premium. Ќе постои и модел со 4G LTE поддршка, но тој ќе се појави во продажба подоцна во текот на годината.
Surface Go може во претпродажба да се нарача од денеска, а испораката до првите купувачи ќе почне на 2. август во 20 држави во Северна Америка и Европа.