Сигурно некогаш сте се запрашале што ќе се случи ако не го направите тоа.

Ако често патувате со авион, веќе сте навикнале на почетокот од секој лет да ве предупредуваат да ги исклучите мобилните телефони и другата електронски гаџети или да ги префрлите на „авионски режим“ (Airplane mode).

Не станува збор дека авионот поради сигналот од телефоните ќе се расипе или сруши, но тие ќе произведат фреквенции кои се многу посилни во воздух отколку кога сте на земја, дури 8W, а тоа ќе предизвика непријатен звук кој ќе им пречи на пилотите и контролорите на летот. Може да се случи поради тоа тие да пропуштат некоја важна информација, пренесува Tech Worm.

Одговорот на ова прашање го дава Никита Шмит, пилот на приватни летови.

„Ако не го ставите телефонот на аirplane mode за време на летот, најверојатно ќе им пречи на пилотите и на контролорите на лет. Ако сакате да слушнете дали има ризик по безбедноста, нема, но…“, вели Шмит.

„Она што ни пречи е непријатниот звук од аудиосистемот што често се јавува кога има активен телефон во близина. Фрекфенциите на телефонот понекогаш може да бидат многу јаки, дури и до 8W, поради високите фреквенции на паразитските осцилации.“

Шмит има слушнато таков вид на врева неколку пати за време на лет. Тој вели дека не е толку опасно по безбедноста колку што ги иритира пилотите.

„Замислете 50 безобѕирни луѓе кои не сакаат да ги исклучат телефоните, што значи дека 50 телефони постојано се обидуваат да ‘фатат’ мрежа, а тоа е големо радиско загадување.“

Исклучувањето на мобилниот телефон или ставање на airplane/flight mode во најмала рака покажува почитување кон луѓето кои си ја работат својата работа, а тоа е безбедно да ве однесат до вашата сакана дестинација.