Американската компанија за производство на велосипеди Cannondale на почетокот на оваа недела го лансираше својот нов хит – велосипедот SystemSix. За него, Американците тврдат дека е „несомнено најбрзиот велосипед во светот“. Во согласност со регулативата на Меѓународната велосипедска унија (UCI), овој модел е со помал отпор, а тоа само го прави исклучително брз.
Компанијата со седиште во Конектикат направи неколку тестирања со користење на компјутерска флуидна динамика и стои на своето тврдење дека го има најбрзиот велосипед на планетата.
SystemSix е резултат на проект, каде што секој елемент е оптимизиран за да постигне најголема брзина“, вели Нејтан Бери, инженер за дизајн на Cannondale.
Велосипедот ќе се продава за 11.000 долари, а наскоро ќе има и други верзии со различни карактеристики кои ќе бидат и поевтини. Првиот таков евтин модел е SystemSix Ultegra кој ќе чини околу 4000 долари. Инаку, името SystemSix произлегува од пристапот на Cannondale со шест точки кон интегрираниот дизајн на рамката, вилушката, тркалата, седиштето, управувачот и менувачот.