Речиси и да нема човек кој барем еднаш не го посетил интернет, а при тоа да не користел некоја од услугите на оваа компанија. Иако податоците за корисниците ги дели со трети страни, многу внимание посветува на тоа да не завршат во погрешни раце. Еве како не штити Google.
Компанијата Google е позната по многу работи, но приватноста и безбедноста обично не се на врвот на листата. Покрај Facebook, често критикуван поради користење на корисничките податоци е и Google. На пример, оваа недела низ медиумите можеше да се прочита за тоа како Google им дозволува на трети страни да скенираат, па дури и да читаат пораки од корисниците на Gmail. Но од Google велат дека ваквата привилегија ја имаат само одбрани и добро проверени компании.
Иако поради тоа се чини дека не треба да ѝ веруваме на оваа компанија, сепак од своето основање таа вложила многу труд да нѐ заштити од разни малициозни програми и личности. Ова се неколкуте најважни работи.
1. Мотивација низ игра и натпревари
Натпреварувањата за откривање „багови“ се вообичаени во технолошкиот свет. Софтверските компании ги поттикнуваат програмерите, хакерите и другите безбедносни експерти да откриваат ранливи точки во нивните производи. Така, на пример, во играта „Фати го знамето“ учествуваат доста добри експерти, но и оние со помалку искуство што сакаат да пронајдат нов работодавец или едноставно да укажат на пропустот.
Натпреварите во оваа игра се разликуваат од обичните програми за пронаоѓање „багови“. Се темелат на предизвиците околу познатите и секојдневните проблеми, а бодовите ги земаат побрзите и поагилните. Организаторите можат да постават предизвици околу која било тема, но најмногу фокус се става на експлоатацијата и безбедносните напади како оние во реалниот свет.
Google беше домаќин на првиот натпревар во април 2016 година, а оттогаш стана годишно случување.
2. Безбедно прегледување на интернет
Во мај 2007 година, година дена пред Google да го лансира Chrome, овој пребарувач беше најбезбедниот меѓу конкуренцијата. Навреме препознавал дека злонамерниот софтвер се шири преку преземање од загрозени веб-места. Google не можел да ги поправи сите слаби точки во пребарувачот, па одлучил да ги предупреди корисниците на потенцијално загрозени веб-страници веднаш во резултатите од пребарувањето.
Сега оваа практика ја применуваат и Safari и Mozilla Firefox, а започнаа и социјални мрежи како Snapchat.
3. HTTPS секогаш и секаде
Вашата врска со веб-страницата не е сигурна; барем не страницата која уште користи стар HTTP протокол наместо новиот и посигурен HTTPS. Тоа значи дека сите податоци испратени од вашиот уред на серверот и обратно можат да се пресретнат. Веб-локациите што обработуваат чувствителни податоци, како што се провајдерите на е-пошта и онлајн-банкарството, веќе долги години користат HTTPS енкрипција за да ја обезбедат размената на податоци.
Google одлучи дека Chrome може да направи многу повеќе за да ве предупреди кога врската не е шифрирана. Ова предупредување може да е доста корисно ако сте на небезбедна страница која бара повеќе лични податоци. Иконата на катанец, заклучен и со зелена боја, веднаш до URL-от е визуелна помош што дава до знаење кои локации се безбедни.
За да го запре протокот на малициозни апликации на Android, Google на конференцијата за развојни програмери I/O 2017 го претстави Google Play protect. Со оглед на тоа што Android претходно имаше повеќе алатки за заштита, голем дел од нив не комуницирале едни со други, давале нејасни совети и барале пари од корисникот. Оваа единствена заштита обединува голем дел од тие функции и штити повеќе од два милијарди уреди и скенира 50 милијарди апликации секој ден.
Play protect користи машинско учење за да помогне во препознавање на потенцијално штетните апликации. Системот учи да ги препознае обрасците на однесување кои вклучуваат апликации што се обидуваат да комуницираат со другите апликации во уредот, пристап или споделување на лични податоци, преземање податоци без знаење на корисникот, крадење на идентитетот или избегнување на вградените безбедносни карактеристики.