Научници во приватната компанија Калтек направија вештачка невронска мрежа составена од ДНК. Таа е способна лесно да го реши еден од честите проблеми во машинско учење, препознавањето на рачно напишани броеви.
Истражувањето е значителен чекор во напредокот на капацитетот на вештачките интелегенции составени од синтетичко-биомолекуларни кола.
Бидејќи вештачките невронски мрежи функционираат слично како човековиот мозок тие се способни да процесираат комплексни информации.
Калтек имаат цел да развијат комплексна невронска мрежа направена од ДНК што ќе биде способна да донесува одлуки, да процесира комплексни проблеми како и многу повеќе.
Бидејќи рачниот ракопис може да биде секаков, кога еден човек чита нечиј друг ракопис мозокот прави комплексни задачи што ни дозволуваат да ги препознаеме карактерите. Некои “докторски” ракописи се дури тешки и за човекот да ги прочита.
Овие невронски мрежи прво се научени да препознаваат бројки, потоа учат различни варијации на ракопис што ги споредуваат со првонаучените бројки.
На крај тие го споредуваат новиот ракопис со тие од претходните учења и заклучуваат која вредност е најблиско до секој нов карактер што го читаат.