Откако се појавија паметните телефони со претставувањето на iPhone на Apple, се чини дека досега се нема појавено некој „поинаков“ уред од стандардните паметни телефони кој што ќе го привлече вниманието на корисниците.
Токму еден таков уред подготвуваат од Microsoft, а станува збор за проект на кој што во компанијата работат веќе една деценија. Работите на проектот биле интензивирани во последните две години и веќе е познато дека Microsoft го развива џебниот уред на преклопување со кодно име „Андромеда“.
Дизајнерот Дејвид Брејер уште минатата година објави фотографии кои што ги направи врз темелот на патентите кои што Microsoft ги имаше пријавено, а тие според најновите информации на The Verge се практично идентични како новиот уред на Microsoft.
Според сите досегашни информации, ќе станува збор за уред кој ќе може да се користи на повеќе начини – како телефон кој ја прекрива целата предна површина, кога ќе се отвори ќе може да се користи како таблет, а најверојатно ќе може да се користи и како преносен компјутер.
Се надеваме дека овие информации кои што ги објави The Verge се точни и дека Microsoft навистина ќе претстави ваков уред кој сигурно ќе има голем потенцијал на пазарот.
Сега останува само прашањето околу хардверот и секако, тоа што најмногу ги интересира речиси сите, а тоа е неговата цена. Покрај Мајкрософт, на сличен концепт на уред работеле и од компанијата “Dell”, меѓутоа уредот на Мајкрософт речиси сигурно ќе биде претставен оваа година.
Извор: Zimo.hr