Интернетот и дигиталните технологии го трансформираат нашиот свет. Но, постоечките бариери на интернет значaт дека граѓаните ги пропуштаат стоките и услугите, интернет компаниите и новоформираните претпријатија имаат неограничени хоризонти, а бизнисите и владите не можат сеуште целосно да имаат корист од дигиталните алатки. Време е да се направи единствен пазар на ЕУ погоден за дигиталната ера – соборувајќи ги регулаторните ѕидови и движејќи се од 28 национални пазари на еден. Ова може да придонесе за 415 милијарди евра годишно на европската економија и да создаде стотици илјади нови работни места.
Четирите големи онлајн пазари кои се активни во Европа – Alibaba, Amazon, eBay и Rakuten France – ја потпишаа Заложбата за безбедност на производите произлезена од Европската комисија. Тие побрзо ќе ги отстрануваат опасните и небезбедните продукти од нивните онлајн пазари. Онлајн продажбата претставува 20% од вкупната продажба во 2016 година во ЕУ (Еуростат).
Alibaba Group, Amazon, eBay и Rakuten-France се обврзаа да ги преземат следните чекори:
- Реакција за два работни дена доколку локалните власти известат за продукт кој не е безбеден. Компаниите ќе ја следат ситуацијата и ќе ги информираат властите за преземените мерки.
- Обезбедување јасен начин преку кој корисниците може да известат за небезбеден продукт во е-продавницата. За пријава од страна на корисниците за ваков продукт тие ќе одговорат во рок од 5 работни денови.
- Ќе се консултираат со Системот на ЕУ за брзо предупредување за опасни производи, но и од други извори како органите одговорни за преземање соодветни акции од оваа област.
- Ќе обезбедат контакт лице за надлежните институции од земјите членки на ЕУ за известување за опасни производи и за понатаможна комуникација за работи од областа на безбедни продукти.
- Ќе преземат мерки за да се спречи повторно појавување на пазарот на продукти кои веќе биле отстранети поради безбедност.
- Ќе обезбедат информации и тренинзи за е-трговците за зголемување на знаењата за европската легислатива за безбедност, ќе бараат да се делува согласно регулативата и ќе обезбедат линк на е-трговците од европската реглатива за безбедност на производи.
Е-трговците и Европската комисија ќе изготвуваат извештај за прoгресот на ова тема на секои 6 месеци.