Неодамна се појави информација дека Samsung планира да го понуди Galaxy S10 повторно во две големини со дијагонала на екранот од 5.8 и 6.2-инчи, но нови информации од Кореја откриваат дека компанијата може да ги смени плановите. „The Bell“ пишува дека Samsung одлучил да го зголемат екранот на Galaxy S10 Plus од 6.2 на 6.44-инчи, што ќе го направи уредот поголем не само од актуелните модели во серијата Galaxy Note, но и од претстојниот Galaxy Note 9 кој може да понуди 6.38-инчен дисплеј.
Според публикацијата, компанијата ќе се натпреварува со новата серија iPhone во која најверојатно ќе има модел со 6.46-инчен дисплеј. Информациите тврдат дека заедно со ова Samsung може да ја зголеми дијагоналата на екранот на стандардното издание на Galaxy S10 од 5,8 на 6-инчи. Изданието потврдува дека за прв пат Корејците подготват и трет модел во серијата Galaxy S, кој ќе има рамен екран со дијагонала околу 5-инчи. Претходно информациите тврдеа дека ќе биде 5,8-инчен екран.
The Bell пишува уште дека тројната камера која ќе биде вклучена во Galaxy S10 Plus, ќе биде додадена и во стандардното издание на телефонот на местото на очекуваната досега двојна. Логично, основната верзија на паметниот телефон ќе остане со една главна камера. Од другата страна компанијата се уште не ги финализирала спецификациите на серијата Galaxy S10 и тоа ќе се случи дури во август, па се уште има место за промени.