Motorola ќе одржи настан во Чикаго, САД на 2 август. Се очекува дека на тој датум ќе бидат претставени не еден, туку три паметни телефони. Првиот од нив ќе бие премиум моделот Moto Z3, а другите две ќе работат со платформата Android One и најверојатно ќе се викаат Motorola One и One Power. Компанијата пушти и кратко видео со кое нѐ подготвува за „големата премиера“, каде што ќе видиме „целосно нов начин како да се поврземе со најблиските, но исто така да стримуваме и симнуваме содржина“.
Според непотврдени информации, Moto Z3 ќе биде паметен телефон кој ќе работи на Qualcomm Snapdragon 845 процесор и е надополнет од 6GB RAM. Вградениот капацитет за складирање на податоци е 64GB или 128GB, а се очекува моделот да работи со Android 8.1 Oreo. Во задниот дел, најверојатно ќе има двојна камера, откако Moto Z3 ќе привлекува внимание со ултратенките димензии. Сигурно новиот предводник на компанијата ќе биде компатибилен со популарните Moto Mods додатоци, информира CNet.
Во овој момент имаме малку информации за двата Android модели кои ќе ги видиме на 2-ри август. Моto One Power ќе има 3780mAh батерија и конектор за USB тип-C. Другиот Моto One модел ќе понуди слични карактеристики, но ќе користи помалку моќен процесор, што го оправдува недостатокот на Power во неговото име. Во неделите пред премиерата, веројатно ќе видиме повеќе детали за подобрувањата што можеме да ги очекуваме.