Откако трајно се насели во образованието, оперативниот систем Chrome OS на Google пробива пат и во корпоративниот сектор, забележува анализата на тајванскиот медиум DigiTimes.
Google ја „турка“ својата Chrome Enterprise верзија, претставена во 2017 година, која ги чини компаниите 50 долари годишно за едно работно место. Оваа платформа поддржува интеграција со Microsoft Active Directory и други корпоративни системи за авторизација со дозволување исто на ИТ администратори да управуваат централизирано со поставувањата на прелистувачот, печатачите, ажурирањето и безбедноста со помош на MDM системи од типот VMware AirWatch.
Според извори од индустријата, Chrome Enterprise овозможува лесно управување со повеќе уреди базирани на Chrome OS. Системот има потенцијал да стане алтернатива на Windows, особено во деловниот сегмент, каде што особено внимание се посветува на намалување на оперативните трошоци.