За на планетата да може да постои вода во течна состојба потребна е цврста површина, односно кора.
„Нашите резултати покажуваат дека на Марс можеле да постојат океани и живот многу претходно отколку на Земјата”, изјави за AFP, Мартин Бизаро од Данскиот природнонаучен музеј во Копенхаген, коавтор на истражувањето објавено во магазинот Nature.
„Раното детство” на Марс откриено е благодарение на анализата на неговиот метеорит NWA 7034, кој е пронајден во пустината Сахара, а кој е наречен „Црна убавица”.
Од ситниот примерок на тој метеорит се издвоени седум драгоцени зрна циркони од цврст минерал кој ги преживеа различните геолошки процеси, а потоа ги анализираше група научници кои го утврдија времето на нивната кристализација.
„Од тоа заклучивме дека површината на Марс многу брзо се кристализирала: веќе 20 години по Сончевиот систем – кој настана пред 4.567 милијарди години – Марс имал цврста кора боја била погодна за настанок на океаните и животот”, истакна Бизаро.
Овие резултати многу се разликуваат од „постоечките модели според кои солидификацијата на планетите треала 100 години”.
„Овие нови податоци значително ја прошируваат временската рамка во која би можело да има живот на Марс”, додаде Бизаро.