Google посветува посебно внимание на уреди од ниска ценовна класа, откако им овозможуваат да работат со нивните популарни услуги, дури и ако немаат доволно моќен хардвер. Технолошкиот гигант има поставено амбициозна цел да помогне за поврзување на интернет на „следната милијарда корисници“ и напорно работи во таа насока. Google планира да инвестира 22 милиони долари во иновативниот стартап KaiOS. Тоа е компанија која развива мобилен оперативен систем за евтини паметни телефони.
Нивната платформа нуди разновидна колекција на апликации и паметни функции кои ги подобруваат перформансите на уредот. Желбата на Google да инвестира во идната еволуција на KaiOS значи дека наскоро корисниците ќе можат да користат услуги како Google Search, Maps, YouTube и Gmail, информира „TechCrunch“. Партнерството со Google е важно, бидејќи ќе им овозможи на повеќе луѓе и компании да разберат за постоењето на KaiOS и ќе придонесе за масовно навлегување на глобалниот пазар.